Прескокни до содржината

Hustle ги поврзува малите локални бизниси со ученици и студенти што работат дигитално.

Бизнисот објавува потреба или избира услуга со фиксна цена: дизајн, видео, објави, фотографии, веб. Ученикот или студентот ја работи. Во бета-верзијата преку Hustle не се плаќа.

Нарачка бр. 0142

Демо, примерна содржина

Лого и визуелен идентитет

за Кафе „Мерак“, Струмица

Фриленсер
Ана С.
Цена
2.500 ден.
Рок
3 дена
  1. Платено: завршено
  2. Во изработка: завршено
  3. Одобрено: завршено
  4. Исплатено: завршено

2.500 ден., од кои2.250 ден. за фриленсерот и 250 ден. провизија

Како оди

Чекори за
  1. Објавете потреба или изберете услуга

    Опишете што Ви треба, со буџет и рок, или нарачајте услуга со фиксна цена.

  2. Договорете се со ученикот

    Учениците и студентите се пријавуваат со понуда. Сè се договара во пораките на Hustle.

  3. Одобрете ја работата

    Ученикот ја предава работата, а Вие ја одобрувате или барате корекции. Потоа оставате рецензија.

Направете профил за бизнис

Секоја услуга има фиксна цена и рок. Знаете колку чини пред да нарачате.

Потреби од бизниси

Бизнисите објавуваат што им треба, со буџет и рок. Учениците и студентите се пријавуваат со понуда.

Види ги сите потреби

Безбедно за двете страни

Информации за родители
  • Од 14 години

    Профил може да направи секој од 14 години нагоре. Датумот на раѓање се бара при регистрацијата.

  • Под 18 години: преглед пред објава

    Услугите и потребите од корисници под 18 години ги прегледува тимот на Hustle пред да станат јавни.

  • Филтер за клучни зборови

    Ги проверува профилите, огласите, пораките и нарачките. Телефонски броеви, навреди и слично остануваат скриени додека тимот не ги прегледа.

  • Блокирање и пријава

    Секој може да блокира кого сака и да пријави порака или профил на тимот.

  • Без плаќање во бета-верзијата

    Преку Hustle сè уште не се плаќа. Ако се договорите за плаќање, тоа е меѓу Вас и другата страна.

Направете профил на Hustle

Hustle е во бета-верзија. Регистрацијата е отворена за сите од 14 години и трае неколку минути, а плаќањето преку платформата доаѓа подоцна.