Прескокни до содржината

Нашата мисија

За нас

Секој мал бизнис во Струмица да најде млад дигитален талент од својот град, а секој ученик и студент безбедно да заработи од својата работа.

Зошто Hustle

Hustle е развиен за натпреварот „Средношколец милионер“. Сега е во бета-верзија: бизнисите, учениците и студентите прават профили, се договараат и ги водат нарачките на сајтот. Заштитеното плаќање доаѓа по инвестицијата.

Како функционира
  • Што им треба на бизнисите

    Малите бизниси во градови како Струмица имаат потреба од лого, видео, објави за социјалните мрежи и едноставна веб-страница. Агенциите се скапи или се далеку, па многу од овие работи остануваат за подоцна.

  • Што знаат младите

    Многу средношколци и студенти веќе знаат дизајн, видео, фотографија и веб. Им недостига безбеден начин да најдат клиенти и да бидат платени за својата работа.

  • Што нуди Hustle

    Hustle ги поврзува двете страни на едно место: профили, услуги со фиксна цена и рок, потреби, пораки и нарачки, а рецензиите се од одобрени нарачки. Заштитеното плаќање (escrow) е планирано: парите ќе се чуваат додека бизнисот не ја одобри работата.

Како би ја искористиле инвестицијата од 1.000.000 ден.

Секој денар има намена. Ова е планот за тоа каде би оделе парите за бета-верзијата да стане платформа со заштитено плаќање.

  • Платформа и заштитено плаќање

    Профили, нарачки, пораки и систем што ги чува парите додека трае работата.

    Износ
    450.000 ден.
    Удел во вкупниот износ
    45%
  • Маркетинг кон бизниси

    Средби со локални бизниси, реклами на мрежи и печатени материјали.

    Износ
    250.000 ден.
    Удел во вкупниот износ
    25%
  • Правно уредување

    Регистрација, договори, услови за користење, заштита на лични податоци и правила за малолетници.

    Износ
    150.000 ден.
    Удел во вкупниот износ
    15%
  • Прва локална кампања

    Лансирање во Струмица: презентации во училишта и поддршка за првите нарачки.

    Износ
    150.000 ден.
    Удел во вкупниот износ
    15%
Вкупно
1.000.000 ден.

Поделбата е план и може да се промени додека се развива платформата.

Контакт

Имате прашање за Hustle, идеја за соработка или предлог? Пишете ни.

kontakt@hustle.mk

Hustle е во бета-верзија. Регистрацијата е отворена за бизниси и за ученици и студенти од 14 години.

Регистрирајте се